Недостигот од витамин Д го загрозува здравјето. Единствен одговор е превенцијата, смета специјалистката за биохемиска анализа Афродита Танеска, дипломирана медицинарка, лабораториска техничарка од Здравствениот дом во Прилеп.
Според истражувањето што таа го изврши, а го пренесе јавно деновиве, 70 отсто од луѓето страдаат од недостиг од витамин Д, 32 отсто од здравствените работници имаат недостиг од витамин Д, во 48 отсто недостигот е кај деца од 9 до 11 години, а кај 76 отсто од трудниците.

Најчести симптоми од недостиг од витаминот Д се замор, сонливост, премаленост, мускулна слабост, намален праг на болка, депресија, потење на главата, ексцентричност, сува кожа, кршлива коса и бавно заздравување рани.
– Недостигот од витаминот Д влијае врз појавата на повеќе болести, како што се: остеопороза, рахитис, кардиоваскуларни болести, депресија, шизофренија, Алцхајмерова болест и деменција (од 70 до 90 отсто од пациентите со Алцхајмерова болест имаат недостиг од витамин Д), респираторни заболувања, псоријаза, дијабетес мултиплекс склероза, аутизмот, болести на непцата и губиток на забите, пораст на стерилитет меѓу младите, еректилна дисфункција, ревматоидни артритис, рак на дојка (25 отсто поголем ризик кај жените што имаат помалку од 20 мг витамин Д), рак на проста, рак на дебело црево – објаснува Танеска.

Витаминот Д е липосолубилен стероиден прохормон, кој го има во две форми: – Д2 (ergocalciferol) и има егзогено потекло, може да се најде во храна и Д3 (holecalciferol), се синтетизира од 7-дехидрохолестерол како последица на сончева ултравиолетова радијација на кожата. Првата се одвива во црниот дроб и се добива 25 (OH) витамин Д (калцидиол), а втората се одвива во бубрезите и се добива активен 1,25 (OH) 2 витамин Д.
Танеска истакна дека извори на витаминот Д се храна и суплементи 10-20 отсто и фотосинтеза во кожата 80-100 отсто, а ризичните фактори се престој во затворена просторија, луѓе со темен тен, со прекумерна тежина, постари лица, прекумерно консумирање алкохол, лица со болести на бубрезите и црниот дроб, алергија на млеко и интолеранција на лактоза и друго.

Решението за користењето на витаминот Д е изложување на сончева светлина, што е бесплатно, но без претерано сончање, како и користење суплементи. Витаминот Д, според ова нејзино истражување, придонесува за поздрава кожа, управува со растот на клетките, ги запира воспалителните процеси и го контролира нивното размножување и е многу корисен во борбата против ракот, ги регулира хормоните, луѓето имаат поздрава коса, коски, подобра состојба со забите, посилен имун систем и др.