Маски за лице со банана
Доколку во кошницата со овошје се наоѓа зрела банана, тоа е одлична можност да направите маска за лице. Одамна е познато дека покрај тоа што има пријатен вкус и висока хранлива вредност, ова овошје им годи и на вашата кожа и коса.
Бананата е богата со калиум и со минерални соли, па хидрира, лекува и смирува и може да се користи самостојно или во комбинација со други состојки што ги имате дома. Денеска ќе ви претставиме некои од начините.
Хидратантна маска: една банана, 1 лажичка мед, 1 лажичка јогурт се мешаат додека не се добие кремаста смеса. Рамномерно се става на лицето и на вратот и се остава 20 минути, а потоа се мие со топла вода.
Маска за длабинско чистење: половина банана, 1 лажица какао прав и 1 лажица глина во прав се мешаат и се нанесуваат на лицето. По 20 минути смесата, која дејствува како пилинг за кожата, се отстранува со топла вода, со благо триење.
Исто така можете да искомбинирате банана и 2 лажички мед против брчки.