Како лулка на западната цивилизација, Атина е веројатно највлијателниот град досега и е ставена на прво место на листата на највлијателни градови врз човечката историја

За да се процени влијанието на одреден град врз историјата, треба да се земат предвид голем број фактори. Сепак, со голем број метрополи како Њујорк, Лондон, Рим и Париз и изумрени и можеби само митски градови како Содом, Гомора, Олимпија, одговорот можеби не е толку едноставен. Со помош на истражувања е направена листа со највлијателните градови врз човечката историја со која многумина се согласуваат.

Атина
Како лулка на западната цивилизација, Атина е веројатно највлијателниот град досега. Филозофијата, архитектурата, политиката, науката, демократијата и воопшто слободната мисла се родени во овој град. Атина е исто така град што прв беше домаќин на современите Олимписки игри во 1896 година. Што се однесува до имињата што ја обележиле нејзината историја, тука се Сократ, Платон, Солон, Перикле и многу други.

Ерусалим
Ерусалим е едно од најважните свети места, не само за Евреите туку и за христијаните и за муслиманите. Уште од библиските времиња, Ерусалим привлекувал аџии и поклоници во разни мистериозни религиозни практики. Во стариот град се наоѓаат многу храмови и Западниот ѕид, две места толку свети што со векови ги разгорувале конфликтите меѓу Евреите и муслиманите.

Мека
Во 570 година, во Мека, денешна Саудиска Арабија, е роден пророкот Мухамед, основач на исламот, една од најголемите монотеистички религии во светот. Исламот има огромно влијание врз целиот свет и историјата воопшто. Денес повеќе од 15 милиони муслимани ја посетуваат годишно Мека, од кои повеќето доаѓаат за време на аџилак.

Рим
Рим е синоним за најпознатото царство во историјата на човештвото. Градот постои илјадници години и некогаш владеел со речиси целиот познат или барем „цивилизиран “ свет. Покрај тоа, Рим е седиште на Католичката црква и на Светиот Престол. Милиони туристи го посетуваат Рим секоја година.

Вавилон
Околу 100 километри од Багдад се наоѓаат остатоците од античкиот град Вавилон. Речиси две илјади години, Вавилон беше неприкосновен центар на месопотамската цивилизација. Хамураби, еден од античките владетели, го напишал првиот законик во историјата во Вавилон, а јазикот на Античките Вавилонци се ширел низ целиот Блиски Исток.

Пекинг
Главниот град на Кина има неверојатно долга историја, која трае 3.000 години. Познат е и по традиционалната кинеска и по модерната архитектура, а градот е украсен со неверојатниот историски комплекс Забранет град, кој претставуваше палата на династиите Минг и Кинг.

Цариград
Поранешната престолнина на Византиската Империја преживеа повеќе од илјада и пол години. Градот бил основан од страна на римскиот цар Константин Први Велики, кој барал нова престолнина. Првично наречена Византија, денес се вика Истанбул. Градот стана познат по своите архитектонски ремек-дела, како што е „Аја Софија“.

Ур
Сумерскиот град Ур беше именуван, според библиската легенда, според неговиот основач. Градот е библиски поврзан и со Абрахам. Постоел од 5.000 г. пр. н.е. до 450 г. пр. н.е.

Париз
Главниот град на Франција е центар на европската култура уште од средниот век. Градот влијаеше на модерна Европа како никој друг и до денес е еден од најпосетуваните градови во светот. Париз стана глобален центар на политички и социјални идеи што го сменија и го менуваат светот до денес.

Ериду
Античкиот град Сумер во денешен Ирак е, веројатно, најстарата населба во Месопотамија и можеби дури и најстариот град, во вистинска смисла на зборот, во целиот свет. Основана е од рибари, селани и номади, претворајќи ја во прва постојана населба во историјата.