Кралицата Елизабета Втора го држи Гинисовиот рекорд за најстара британска кралица. Таа наполни 94 години во април. Нејзината прабаба, кралицата Викторија, претходно го држела рекордот на возраст од 81 година, пренесува „Инсајдер“.

Елизабета Втора е кралица со најдолг период на владеење на светот и воедно најдолг период на владеење, како и најдолговечен жив монарх. Претходниот носител на рекордот за најдолго владеење бил кралот Бумибол од Тајланд, кој почина по 70-годишното владеење на 13 октомври 2016 година. Претходниот носител на Гинисовиот рекорд за најстар монарх бил кралот Абдула бин Абдулазиз ал Сауд од Саудиска Арабија, кој починал на 23 јануари 2015 година на возраст од 90-години.

Ликот на кралицата се појавува на валутите на 35 држави, што е рекорд за валути со иста индивидуа, а со тоа ги надминува кралицата Викторија која ја има на валути на 21 држава и кралот Џорџ Петти (19 држави).

Нејзиното богатство проценето на 504 милиони американски долари во 2012 година, ја позиционира на првото место како најбогата кралица во светот. Во април 2012 година, „Сандеј тајмс“ го проценил богатството на кралицата Елизабета 504 милиони американски долари. Уметнички дела, накит и имотот во Англија и Шкотска претставуваат само дел од личното богатство на кралицата.