Додека Канскиот филмски фестивал синоќа се подготвуваше да слави во чест на Ален Делон, добитникот на наградата за животно дело, Санд ван Рој, актерката која минатата година го тужеше францускиот режисер Лук Бесон за силување, сакаше да се осигури дека нејзината порака ќе биде пренесена и на фестивалот, пишува „Вараети“.
Ван Рој, која глумеше во филмот „Валеријан и градот на илјадниците планети“ на Бесон, како добитничка на почесната „Златна палма“ прошета на црвениот тепих со голема привремена тетоважа на нејзиниот грб со напис „Сопрете го насилството врз жените“ и со симболот на движењето „И јас исто така“ (#MeToo).
– Протестирам поради тоа што филмската индустрија ја користи „уметноста“ како изговор да се постави над законот – изјавила таа за „Вараети“.
Оваа нејзина порака се однесувала на јавните коментари на Делон, во кои што тој признава дека удирал жени во својот живот. Ван Рој поднесе тужба обвинувајќи го Бесон за силување минатата година, што придонесе да се започне прелиминарна истрага која беше отфрлена во декември поради недостаток на докази. Минатата недела, петиција со која се бараше повлекување на наградата на Делон, циркулираше на фестивалот и успеа да собере околу 20 илјади потписи.