Кејти Пери го опишала бракот со британскиот комичар Расел Бренд „како торнадо“, во текот на телевизиското шоу „60 минути Австралија“, пренесува „Индипендент“. Тие поминаа во брак 14 месеци пред да се разделат во 2011 година.
Триесет и петгодишната пејачка зборувала за периодот кога била мажена за десет години постариот Бренд, во време кога нејзината кариера одела во надолна линија.
– Бев на врвот на свои 23, 24 и 25 години, а потоа се сретнав со некој што ми го привлече вниманието. Беше како торнадо и сè започна да се случува одеднаш – кажала Пери.
Бракот не бил лесен во најмала рака, затоа што таа постојано се борела со разни предизвици, но и со отпор. Во времето кога биле во врска, тие биле омилениот пар, а нивната венчавка се одржала во Индија во 2010 година. Но и една година подоцна, тензиите не стивнувале.
– Тој е исклучително паметен човек и јас бев многу заљубена во него кога се венчавме – изјавила Кети Пери за „Вог“, додавајќи дека тензиите растеле, па по само 14 месеци брак Бренд решил да стави крај на сето тоа.
– Сакам само да кажам дека немам слушнато збор од Бренд откако ми испрати порака на 31 декември 2011 година дека сака развод – истакна Пери.
Сега сето тоа е далеку зад неа, бидејќи Пери сега е свршена за актерот Орландо Блум и ужива во мајчинството. Поп-ѕвездата, пак, сегашната врска со актерот ја опишува како „многу отворена и комуникативна“. Тие неодамна ја добија ќеркичката Дејзи.