Само еден ден не дели од прекрасната летна авантура „Д Фестивал“ што ќе се одржи утревечер на главната бина „Паркинг Гранит” во Дојран, со почеток од 19 часот.
Годинашното издание на фестивалот е целосно посветено на домашната музичка сцена, па така посетителите ќе имаат можност да ги чујат: „Суперхикс“, ЛД Пистолеро, „Бернајс пропаганда“, „Плутос даутс“ и други групи.
Организаторите велат дека сите кои имаат набавено билет за „Д Фестивал 2020“ до 30 јули ќе можат со истиот да присуствуваат на две „Д Фестивал“ изданија – на „Д Фестивал и пријателите“ и на наредното големо роденденско издание во 2021 година, каде што ќе се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци.