Организирајте ги книгите еднаш засекогаш
Домашните библиотеки често се вистинско освежување на домот. Освен што постојат најразлични полици што го збогатуваат ентериерот, и самото редење може да биде вистинска уметност. Постојат повеќе решенија како да ги поставите книгите во домот.
По азбучен ред: тука може да се примени методот на азбучно организирање според името на авторот или според насловот на книгата. Во двата случаи, тоа ќе личи на систем што обично го користат библиотеките на нивните полици, како и некои книжарници.
По жанр или категорија: распоредувањето по жанр или по слична тема е одлично кога читате по расположение. На пример, можете да поделите еден дел за книги полни со хумор, а друг дел за дела од научна фантастика.
По боја: ако сакате да го декорирате вашиот дом во согласност со палети од различни бои, можеби оваа идеја за организирање книги воопшто не е лоша за вас. На пример, со серии чии делови се различни бои. Тие можете да ги одделите по боја или, пак, да направите исклучок и да ги чувате заедно.
Според големината: книгите не се само во различни бои туку и во различни големини, што може да биде предизвик кога ќе се најде идеалното место на полицата за нив. Едно решение е групирање на големите книги заедно и, доколку е потребно, распоредување една врз друга. Ова исто така ќе донесе динамика на целокупната организација на полицата.
Прочитано и непрочитано: за да добиете подобар увид во тоа колку книги навистина сте прочитале од вашата полица, можете да ги подредите со одделување на прочитаните од непрочитаните.