Викторија Бекам го прославила својот 46-ти роденден заедно со сопругот Дејвид и нивните деца, уживајќи во вкусната торта во нивниот дом Котсволдс, додека диџејот Фет Тони учествувал на „виртуелната забава“ пренесувана на Инстаграм во живо, пишува „Дејли мејл“.
Викторија ја објавила забавата на Инстаграм за да сподели неколку моменти од вечерта со сопругот Дејвид и синовите Ромео и Круз и ќерката Харпер, додека уживаат во вкусна торта.
Семејството моментно се наоѓа во самоизолација, додека најстариот син Бруклин е во карантин во Њујорк.