Фото: Инстаграм/Мараја Кери

Американската пејачка Мараја Кери секоја божиќна сезона добива огромни суми на пари за нејзиниот хит „All I Want For Christmas Is You“. Според последните податоци на „Бизнис инсајдер“, Кери на овој хит заработила вкупно 60 милиони долари, а синглот секоја божиќна сезона ѝ носи дополнителни милион долари.

Мараја Кери била коавтор и копродуцент на песната заедно со Волтер Афансифе, за нејзиниот четврти студиски албум и првиот празничен албум „Merry Christmas“.
Наводно, тие двајца песната ја напишале и продуцирале за само 15 минути. Песната објавена во 1994 година стана божиќен хит, иако секоја година добива голем број критики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)