Уметникот објави серија од пет слики на својот инстаграм-профил со наслов „Жена ми мрази кога работам од дома“. Тој ги објави своите последни уметнички дела создадени во самоизолација – неколку стаорци што предизвикуваат штета во неговата бања.
Овие стаорци се присутни и во многу од неговите претходни уметнички дела, еден од нив тропа по огледалото од бањата на едната страна, друг виси на врвката со која се вклучува светилката, трет се ниша на закачалката за крпи, додека, пак, преостанатите или газат на пастата за заби, или се обидуваат да избегаат преку тоалетната хартија, или уринираат врз седиштето на тоалетот, а еден дури и загрижено ги брои деновите поминати во карантин.

Ова е најновото дело на Бенкси, откако создаде улично дело во Бристол во февруари,кое подоцна беше вандализирано. На сликата, споделена на социјалните мрежи, се гледа дека е испишано „Измамниците на Би-си-си“ врз делото, на кое е прикажано мало девојче како држи чатал исполнет со цвеќиња. Во декември дело на кое беше прикажана сцената на раѓањето на Исус Христос беше откриено во хотел во Витлеем. „Лузната на Витлеем“ ја прикажува сцената со Марија, Јосиф и бебето Исус, но наместо ѕвезда што виси над креветчето, прикажана е голема дупка од куршум што пробива бетонски ѕид.