Пар белезици што ѝ припаѓале на француската кралица Марија Антоанета се продадени на аукција за 7,46 милиони швајцарски франци, што е неколкупати повеќе од процената, објавија од аукциската куќа „Кристи“.
Рахул Кадакија, меѓународниот директор на Одделот за накит во аукциската куќа „Кристи“, кој ја водел продажбата, изјавил дека белезиците биле во семејството речиси 200 години.
Станува збор за две белезици, а на секоја од нив имала по три реда дијаманти, односно вкупно 112 дијаманти.
Марија Антоанета од затворот во Париз испратила писмо во кое пишувало дека во Австрија ќе биде испратен дрвен ковчег со накит, а таа била погубена на гилотина. Нејзината ќерка Марија Тереза го добила накитот по пристигнувањето во Австрија, објавиле од аукциската куќа.
Белезиците што му припаѓале на европското кралско семејство се очекувало да бидат продадени по цена од два до четири милиони долари.