Сочинувајќи сто и педесет машки двојки, Светата тебанска чета не можела да биде поразена сè додека не била збришана во 338 година пр. н.е. Во деветнаесеттиот век била пронајдена масовната гробница на мажите
Во јуни 1818 година, за време на посетата на централна Грција, еден млад англиски архитект Џорџ Ледвел Тејлор излегол да се повози со неколку пријатели, со цел да ги истражи урнатините на античкиот град наречен Харонеја. Додека се приближувале до својата дестинација, неговиот коњ се сопнал на камен на патот; по што по понатамошна проверка, се открило дека каменот, всушност, бил дел од скулптура. Енергичното копање на крајот открило животинска глава висока речиси шест метри – или, како што ја нарекол Тејлор, „колосална глава на лавот“.
Тејлор сфатил дека открил познат споменик, споменат во некои историски извори, но изгубен, познат како Лавот на Харонеја. Англичанецот го проучувал делото наречено „Опис на Грција“, од Паусаниј, географ од вториот век од н.е., во кое се вели дека гигантската фигура на животното што седело била подигната во знак на сеќавање на извонредната воена единица што загинала таму. Лавот, претпоставува Паусаниј, го претставувал „духот на мажите“.
Единицата на која припаѓале тие мажи била позната како Светата чета. Сочинувајќи триста воини од градот Теба, тие биле меѓу најстрашните борбени сили во Грција, непоразени сè додека не биле збришани во битката кај Харонеја, во 338 година пр. н.е. – за време на која Филип Македонски и неговиот син, Александар Велики, ја срушиле коалицијата на грчки градови држави предводени од Атина и од Теба. Научниците ја сметаат Харонеја како ѕвоно на смртта на класичната ера на грчката историја.
За многумина можеби оваа приказна би изгледала интересна од различни причини. Најмалку од нив е што четата била составена од љубовници: точно сто и педесет двојки, чијашто храброст, како што мислеле Грците, се должи на фактот дека никој никогаш нема да покаже кукавичлук или да се однесува нечесно пред својот сакан. Во Платоновиот „Симпозиум“, кој претставува дијалог за љубовта, ликот забележува дека армијата составена од такви љубовници „ќе го освои целото човештво“.
Шеесет години откако коњот на Џорџ Тејлор се сопнал, понатамошните ископувања откриле голема правоаголна гробница во близината на Лавот. Цртежите направени на локацијата покажуваат седум реда скелети, вкупно двесте педесет и четири. За „Светата чета“, на претстојната книга на класичарот Џејмс Ром, илустраторот Маркли Бојер ги спои овие цртежи од деветнаесеттиот век за да се направи реконструкција на целата масовна гробница. Црните траги означуваат рани. Голем број воини биле погребани со врзани раце; а ако се погледне внимателно, може да се забележи дека некои од нив се држеле за раце.