Како да ослабитe во зима кога обично се јаде потешка храна, а сѐ почесто се консумира и алкохол. Нутриционистите откриваат кои сезонски намирници се погодни за намалување на килограмите, а особено се препорачуваат кикириките и бананите. Оваа храна, покрај тоа што нема да ги накачи килограмите, исто така ќе го зајакне вашиот имунитет.
Ви набројуваме неколку нискокалорични намирници што се дел од исхраната за слабеење:
Кисела зелка (22 калории во 100 грама)
Брокули (20 калории во 100 грама)
Прокељ (21 калорија во 100 грама)
Леќа (70 калории во 100 грама)
Сирење со намален процент на масти (80 калории во 100 грама)
Тофу (90 калории во 100 грама)
Нискомаслен јогурт (90 калории во една чаша)
Нискомаслен кефир (80 калории во една чаша)
Средно јаболко (65 калории едно парче)
Средба банана (100 калории едно парче)
Пилешки гради, печени без масло (150 калории во 100 грама)
Јајца, омлет, без многу масло (150 калории во 100 грама)