Славната актерка Гвинет Палтроу искрено зборуваше за својот брак со фронтменот на „Колдплеј“ Крис Мартин, во разговор за таблоидот „Експрес”, осврнувајќи се на нивната врска и разделба, при што призна дека со поранешниот сопруг не профункционирале како пар.
Палтроу стапи во брак со Мартин во 2003 година. После десет години парот решил да се раздели во 2014 година. Актерката објаснила дека имало многу „нелагодности и немири“ во нивниот брак, и покрај тоа што биле блиски.
– Мојот поранешен и јас отсекогаш бевме пријатели. Се смеевме на истите работи, имавме сличен смисол за хумор, доживувања и необични, заеднички работи. Имавме сличен вкус за музиката. Убави акорди, иновации, хармонии… Питер Габриел, Шопен, Сигур Рис… Ние сакавме да се шетаме низ парк, особено во оние британски летни ноќи кога сонцето скоро и да не заоѓа. Сакавме патувања до Њу Форест или на морскиот брег. Но,најмногу од сè ги сакавме нашите деца. Бевме блиски, иако никогаш не не профункционирале како пар. Едноставно не се вклопувавме заедно – објаснува Палтроу.
Таа се осврна на „свесната разделба“ во текстот за британски „Вог“ и лекциите што ги научила оттогаш. Актерката признала дека никогаш не слушнала за фразата, но се запознала со неа од нивниот поранешен терапевт кога уште биле во брак со Крис.
– Имаше ли свет каде би можеле да се разделиме, а да не изгубиме сè? Можеме ли да бидеме семејство, иако не сме брачен пар – се запрашала Палтроу.