Големи штети ќе претрпат сите индустрии, а тука не е одмината ни издавачко-печатарската. Се работи за големи бројки, а само за илустрација, саемот на книги во Лајпциг, кој требаше да се одржи од 12 до 15 март, лани за четири дена го посетија 286 илјади луѓе, а имаше 2.547 излагачи од 46 земји
Како домино-ефект се откажуваат едноподруго сите големи европски саеми на книги што традиционално секоја пролет собираат илјадници вработени во издавачката индустрија. Почна со Лајпциг, па продолжи со Лондон, а сега се откажани и саемите во Париз и во Болоња. Терминот на најголемиот саем на детската книга во Болоња е одложен за 4 до 7 мај, но со оглед на драматичната ситуација со коронавирусот, голем знак прашалник е ставен и за овој термин.
Големи штети ќе претрпат сите индустрии, а тука не е одмината ни издавачко-печатарската.
Се работи за големи бројки, а само за илустрација, саемот на книги во Лајпциг, кој требаше да се одржи од 12 до 15 март, лани за четири дена го посетија 286 илјади луѓе, а имаше 2.547 излагачи од 46 земји.
Лондонскиот саем, кој требаше да се одржи од 10 до 12 март, собира околу 25 илјади професионалци од издавачката индустрија. Парискиот лани од 20 до 23 март го посетија 160 илјади посетители, а авторите, издавачите и другите партнери дојдоа од над 50 земји.
Според познавачите, ова ќе донесе големи загуби, се најавува рецесија во оваа гранка. Голем дел од книгите се печати во Кина, бидејќи се купуваат и произведуваат во т.н. копродукции. На пример, ако ги купите правата за книгите за Хари Потер, вие сте една од 30-те земји што ги имаат авторските права. Потоа книгите се печатат на едно место, во Кина. Кинезите имаат одлична печатарска технологија, порано беа само евтини, а сега се и квалитетни. Работат за цела Америка и за целиот свет. А сега од овие печатници ниту книгите не може да дојдат на заем во Европа, бидејќи саемот не се само книгите, туку се и авторските права, производството, печатот, деловни панели, индустрии, софтвери…
Во моментов доцнат испораките од Кина, а не може да се подигне ниту стоката од Италија, што е голем ризик за издавачко-печатарската работа.