Концерт на Трио Колегиум ќе се одржи вечерва од 19 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ќе настапат Александра Коцевска мецосопран, Менка Богоевска виолина и Глигор Гелебешев пијано.

На програмата се дела од Брага, Елгар, Рахмањинов, Чајковски, Шуберт, Пуланк, Сантос, Бизе и други автори.

Трио Колегиум е формирано како спонтана соработка помеѓу тројцата колеги и долгогодишни пријатели во 2017 година. Ова е еден нетипичен состав за класичната музика. Изведува дела од светската музичка литература прилагодени за овој состав, бидејќи во музичката литература постојат многу малку дела напишани за ваков состав.
Триото има остварено повеќе концерти во Скопје, Куманово, Неготино, Куклица-Камени кукли.

Ка.М.