Со наслов „Фотографии 2019“, во Уметничката галерија во Тетово, вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена 16-та годишна изложба на членовите на фотогрупата „Чкрап“ од истиот град. Ќе бидат презентирани 44 фотографии од 22 автори меѓу кои се и фотографите: Самир Љума, Драги Неделчевски, Сандра Новеска, Зоран Андонов, Мери Каталиниќ, Ѓорѓи Ристоски, Мирче Новаковски, Боби Дојчиновски, Сашко Дете Илов, Ханис Багашов, Наташа Величковска, Ангел Ситновски и др.
Посетителите ќе имаат можност да видат и една од последните авторски фотографии на лани починатиот Гоце Димитриевски. Селектор на делата на помладите фотографи и на новите членови е Драги Неделчевски, еден од основачите на „Чкрап“, а другите автори своите фотографии за учество на изложбата ги избираат сами.