Во Атина започна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“, по сценарио на Америса Баста и Димитрис Накос од Грција, во режија на Баста, а во копродукција со „Круг филм“ од Скопје. Снимањето на филмот ќе се одвива во текот на август оваа година, на повек?е локации во Атина, Грција.
Филмот ја раскажува приказната за Лена, 20-годишна жена во Атина што работи во локален супермаркет и живее со своето семејство. Поради тоа што живее сиромашно, а секојдневието ѝ е исполнето со напнатост, таа сака да се исели и да започне свој живот. Сè се менува кога Лена кога ќе добие отказ, истовремено дознавајк?и дека е бремена. Што ако одлуката да го задржи бебето е единствениот начин да ја зачува работата?
Во улогата на Лена се јавува младата Елина Цорбаци, а преостанатата екипа е составена од актери од Грција и од Албанија. „Ритам на животот“ е финансиски поддржан од филмските центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од Агенцијата за филм на Македонија. Главен продуцент е грчката продукциска кук?а „Соул продукција“ на Јоана Султани, додека македонски копродуцент е Дејан Крајчевски.
Ова е прв долгометражен филм на Баста. Нејзините краткометражни филмови „Не утре“, „Чадор“, „Христос и Димитра“, „Евива“ и други во изминативе десетина години учествувале на низа локални и мег?ународни фестивали и постигнале голем успех.