Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечер ќе биде отворена изложбата „Три генерации Ташковски“.
Поздравен говор на отворањето ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а изложбата ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам.
Отворањето на изложбата е со почеток во 19 часот.