Студентска изложба на Факултетот за уметност и дизајн на Меѓународниот балкански универзитет е отворена во галеријата на МКЦ. Посетителите имаат можност да видат студентски дела изработени во традиционални медиуми како дел од работните задачи на Факултетот за уметност и дизајн. Изложбата претставува одбележување на соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во културната и социјална едукација на младите.
Студентското претставување пред пошироката јавност ги прикажува нивните креативни, иновативни и уметнички способности преку негувањето на традиционалните ликовни дисциплини како што се цртежот, графиката и сликарството. Оваа иницијатива ги поддржува младите уметници да продолжат да ги градат своите креативни идеи и е одлична можност да се сретнат со публика и критика надвор од образовниот процес. Со тоа им се овозможува реална пракса и поблиска интеракција со нивната идна професија. Изложбата е отворена до 14 мај.