Тимот на „Самоглас“, во рамките на проектот „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“, отвора повик за актери во аудиодрами. Во рамките на овој проект е предвидено снимање драмски текстови од Горан Стефановски во форма на аудиодрами, и тоа „Дупло дно“, „Гоце“ и „Диво месо“, режирани од Дамјан Костовски, Владимир Николовски и Александар Ивановски.

Приоритет ќе им биде даден на актерите што се невработени, односно не се во постојан работен однос со јавна институција од областа на културата.
Снимката не мора да биде изработена со професионална опрема, доволно е таа да биде снимена со мобилен уред. Конкурсот ќе биде отворен до 21 јули. Добиените снимки ќе бидат оценети од тричлена стручна комисија, а информациите за избраните ќе бидат објавени најдоцна до 10 август.
Снимањето ќе се одвива во Скопје.