Kонкурс за Зборник на поезија и кратка проза на млади автори од просторите на поранешна Југославија „Рукописи 47“, распиша Младинскиот дом во Панчево, Србија. Конкурсот се распишува по 47 пат и ќе биде отворен до 15.2.2024 година.
Право на учество имаат сите автори на возраст помеѓу 15 и 30 години, кои пишуваат на југословенските јазици, како и на јазиците на националните малцинства во Република Србија.
– На конкурсот може да се учествува со поезија или со кратка проза. Секој автор може да прати најмногу три песни или до три кратки раскази; песните во должина до две, а расказите до три печатени страници (максималната должина за расказот е 7000 карактери со прореди, со големина на фонтот -12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса на живеење (државјанство, во случај авторот да живее во странство), телефонски број и електронска пошта. Текстовите да бидат доставени во еден ворд-документ, да не се праќаат компресирани (ZIP, RAR и сл.) и да бидат испратени без екстерни линкови или на гугл драјв. Текстовите можат да се испратат на електронската адреса [email protected] (со назнака „За Ракописи 47″) – објаснуваат од Младинскиот дом во Панчево.
„Ракописи 47“ ќе излезе од печат на почетокот на мај годинава, а датумот на промоцијата, односно, тридневниот фестивал, ќе биде дополнително соопштен.