Промоцијата на проектот „Светлината на накитот низ вековите“ ќе се одржи денеска, во 12 часот, во Музејот на Македонија. Станува збор за пренесување/презентирање на предметите од минатото со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми, кои ја осветлуваат можноста за промоција и презентација на накитот низ вековите, развојот на креативните индустрии и новите (виртуелни) практики во музејската дејност.
Проектот од областа на музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2022 година е во реализација на здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста „Доминиум културно јадро“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.