Стендап-претставата со Надица Петрова насловена како ONE WO/MAN COMEDY
SHOW „Која „Која сум Јас“ вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Aктерката Надица Петрова е основач и претседател на театарот „Златен Елец“ кој постои веќе две години и досега има реализирано осум театарски премиери и педесетина изведби во кои имаат голем број на гостувања и учества на театарски фестивали во и надвор од границите на Македонија.
„Го правам тоа што не можам да не го направам“ – е моето објаснување зошто Театар
„Златен Елец“ се роди токму во време на пандемија. Ние сме млад независен театар кој
полека, но сигурно расте. Не можеме а да не практикуваме театар, бидејќи љубовта и вербата кон театарот ни се огромни.Повеќето од претставите се реализирани со подржка на нас самите, од ништо – до театар. Креативноста ја изразуваме преку рачната изработка на костимите и сценографии кои ги изработуваме ние актерите од „Злтаен Елец“. Одговорни сме и за продукцискиот дел кој е најтежок посебно за нас актерите. Имаме добиено поддршка за реализација на една претстава од Министерството за култура и за една претстава од град Скопје која беше во вид на спонзорство. Останатите претстави ни се направени од нула буџет и се процеси низ кои најмногу пораснавме – изјави во една пригода актерката Надица Петрова.
Театарот „Златен Елец“ е на сите – Театар на можностите. Ова е театар на невработените актери, кој дава можност за творење на секој кој сака да твори и претставува мост каде може младиот дипломиран актер да се одржува и расте како уметник се до вдомувањето во некој национален театар што е цел на секој невработен актер. Претставата „Која сум јас“ за сите љубители на театарот е можност да се види што можат да понудат младите актери на театарската сцена и воедно да се подржи нивната уметност. Ми.М.