„Народен непријател“ од Ибзен, во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар е најдобрата претстава на 56 – то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Ова го соопшти денес напладне оценувачката комисија на фестивалот во состав: Љупчо
Ѓорѓиевски, претседател, и членовите Бесфорт Идризи и Сотир Трајков.
– Претставата „Народен непријател“ на некој начин изби на врвот, пред се со своето уметничко обликување, каде сите елементи беа кристализирани, и со својата актуелност. Еден текст пишуван одамна, имав впечаток како да е сега пишуван, толку актуелно прозвучи, толку ненаметливо. Тоа придонесе да биде најдобра – рече Љупчо Ѓорѓиевски.
– Тоа е пар ексленас политички театар. Темата беше најпрво пресудна, а потоа
режисерскиот концепт кој беше чист и јасен. Тоа пресуди да победи претставата – рече
Сотир Трајков.
Наградата за најдобар актер замина во рацете на Никола Ристановски за улогата на Стокман во претставата „Народен непријател“, додека за главна женска улога кај Бедиа
Беговска за улогата на Љубов Андреевна во „Вишновата градина“.
НАГРАДАТа ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ вечерва ќе му биде доделена на Димитар Димитров за рекламниот материјал од претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба
на НУ Македонски народен театар – Скопје,
НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Тримор Доми за музиката во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола
НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски за костимите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола
НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Вишња Вујовиќ за сценографијата во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар –
Скопје
НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Лидија Митоска Ѓорѓиевска за драматизација и адаптација во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Рефет Абази за текстот во претставата „ЈАЗЛИ“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје
НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Хакан Даци за
улогата Јаша во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски
театар – Скопје
НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сара Спиркоска за улогите во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Викторија Степановска Јанкуловска за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар –
Битола
НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Никола Пројчевски за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола
НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Ќендрим Ријани за претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола.
Педесет и шестото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ завршува вечерва со доделување на наградите и со претставата што ќе биде изведена во чест на наградените „Боливуд“ од Пелевиќ, во режија на Наташа Поплавска на тетар Комедија, од 19.30 часот во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ка.М.