Најновите дела од циклусот посветен на винарството и лозарството и на богатата традиција во Тиквешијата насликани во техника масло на платно од ликовниот уметник
Новица Трајковски од Скопје ќе бидат изложени вечерва во Вински музеј за регионот Тиквеш во Кавадарци.
Оваа самостојна изложба која е насловена како „МАКЕДОНИЈА“ и едел од еден поголем циклус на авторот кој тој го насловува „Убава е Македонија“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во прекрасниот амбиент на винскиот музеј во градскиот парк во Кавадарци.
Изложбата на Новица Трајковски е третиот настан кој се реализира во рамките на програмата на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“, по што во 20.30 часот ќе бидепромовирана книгата „Наива – наивно сликарство и скулптура во Македнија“ од авторот Гоце Божурски.
Ликовниот уметник и историчар на уметноста Гоце Божурски беше кустос во уметничката галерија во Куманово и директор на кумановскиот театар меѓутоа повеќе од две децениии е советник за ликовна дејност во министерството за култура. Досега има реализирано триесетина самостојни изложби во Македонија и во странство и е добитник на повеќе национални и меѓународни награди.На македонската културна јавност Божурски им е познат и по тоа што речиси четири децении се занимава со ликовна критика, и автор е на осврти и критики за многу наши и странски уметници.
Неговите текстови се објавувани во разни списанија, весници и предговори во каталози, но исто така Божурски е постојан соработник на списанието „Ликовни живот“ кое излегува во Белград како и во „Global Art in The Mastersof Today“. По првиот посериозен исчекор со монографскиот текст за надреалистичкиот сликар Иван Оцепек- Цицо, ги објавува монографиите за „последниот македонски кубист“ Реџаи Исени, за Димитар Стојчевски, за Добри Трендафиловски- Добрин, за Ѓорѓе Шијаковиќ и книгата „АртМемориам“ посветена на творештвото на најстарата генерација современи кумановски сликари и и книгата „Наива – наивно сликарство и скулптура во Македонија“ која вечерва ќе биде промовирана а во која се опфатени триесет македонски уметници од оваа област. Авторот наскоро најавува и објавување на монографијата за Крсто Славковски, нашиот најзначаен скулптор- наивец која ќе излезе од печат во средината на септември. Ми.М.