Во македонската амбасада во Париз е отворена изложбата на Јана Манева-Чупоска, со наслов „Париски нацртан филм“. Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска лента. Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при меѓународниот резидентски центар во Париз.
Изложбата ја отворија вршителот на должноста Рафет Хајдари и француската уметница Роземан Робино, која е исто така моментална резидентка во меѓународниот резидентски центар во Париз.