Фото: Здружение „Антево перо“

„Цветинова награда за мир“ синоќа беше доделена на здружението за зачувување на делото на Анте Поповски, „Антево перо“, во знак на благодарност и почит за исклучителна поддршка на современиот македонски поет, академик Анте Поповски кон долгогодишната мисија „Цвеќе на мирот“ на уметникот и хуманист Живко Поповски – Цветин.

Фото: Здружение „Антево перо“

Анте Поповски таа поддршка ја покажал посветувајќи три свои песни во ракопис (на македонските пазари, Љубов и Смил) и есеј „Цвеќето молитва и бесконечен хиероглиф“, објавени во две книги. Токму тоа беше голем мотив за Цветин, за неговата мисија да продолжи до денешен ден, а и понатаму.

Фото: Здружение „Антево перо“

Цветин се осврна и на срдечните средби и настани поврзани со Поповски на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, во Скопје и во Лазарополе. Цветин е учесник и поддржувач на шесте изданија на здружението „Антево перо“ и е член на академијата „Анте Поповски“.

Фото: Здружение „Антево перо“

Синоќа во Културно информативниот центар во Скопје беше одржан Омаж по повод 20-годишнината од упокојувањето на современиот македонски поет, академик Анте Поповски. За делото и творештвото на Анте Поповски, пред присутните беседеше проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ.

Фото: Здружение „Антево перо“