Заврши 12-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Мала Преспа, Албанија во организација на Здружението „Сонце“ и Едмонд Сотир.
Од страна на жири комисијата предводена од актерот Жарко Димоски, во присутство на новоизбраниот градоначалник Пали Колевски беа доделени награди на: „Театар Комедија“, наградата за најдобра претстава на Фестивалот за претставата „Мечка” во режија на Димче Николовски. Актер на фестивалот е Васил Зафирчев за улогата на Волкот во претставата „Црвенкапа“ на Театар „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес. За најдобра актерка на фестивалот прогласена е Ана Левајковиќ за улогата на Памина во претставата „Волшебната Флејта“ на „Театар за деца и младинци“ од Скопје.