Europe House Скопје ги поканува сите љубители на филмот на „Европската филмска недела“ која ќе се одржува од 11 до 17 декември во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје. „Европската филмска недела“ е поддржанa од Европската Унија и првпат се организира кај нас.

Програмата содржи проекции на европски филмови, наградени или избрани на A-листата на фестивалите во Санденс, Кан, Венеција, Торонто, Карлови Вари, Сан Себастијан и други. Изборот на филмовите е во соработка со Европскиот филмски фестивал и филмските фестивали кои веќе постојат кај нас.

Во рамките на програмата организирани се и дебати на теми кои се третирани во филмовите, а се однесуваат на важни културни, социо-економски и воопшто општествени прашања.

Со поддршка на Europe House Крива Паланка и Струмица, „Европската филмска недела“ ќе продолжи и во именуваните градови во текот на наредната година.

Целосната програма на филмската недела може да ја видите на следниот линк.

Повеќе информации за билетите на се достапни тука.