Фото: Игор Бансколиев

Дводневната средба на Заедничката историска комисија завршила без резултати, изјави претседателот на бугарскиот тим Ангел Димитров на денешниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, објави МИА.

Членовите на комисијата успеале да го усогласат записникот од 12-от состанок што се одржа на почетокот на годинава, што има симболика, според Димитров.

Историчарите на денешната средба зборувале за цар Самуил, со што членот на бугарскиот тим посочи дека се уште се „заглавени во периодот меѓу 10-от и 11-от век.

Димитров истакнал и оти стравува дека работата на комисијата ќе биде тешка и во текот на наредната година.

– Кога не сакате да ја прифатите основна формулација на Договорот за пријателство и добрососедство, а тоа е заедничка историја, значи дека се сомневате во примената на тој договор – изјавил Димитров.

Следната средба на комисијата е закажана за февруари в година, а во 2022 година предвидено е да се одржат вкупно пет состаноци.