Нацоналната опера и балет со задоволство ви најавува „Гала оперски концерт“ кој ќе се одржи в петок на 19 февруари, во 20 часот. Настапуваат Ристе Велков – баритон, Билјана Јосифов – сопран, Драган Ампов – баритон, Злата Тошевска – сопран, Ана Ројдева – сопран, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ а концерт мајстор е Верица Ламбевска.

За љубителите на оперската уметност, нашата верна публика во овие услови на пандемија, ќе се изведат арии од најголемите оперски класици, дела на Јохан Штраус, В. А. Моцарт, Џоакино Росини, Џузепе Верди, П.И.Чајковски, Жорж Бизе, Гаетано Доницети, Џакомо Пучини и Франц Лехар од оперите „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Магбет“, „Евгениј Онегин“ и други.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.