Светот е сцена
Копија од познатото дело на Леонардо да Винчи, „Мона Лиза“, насликана околу 1600 година на дабова штица и исклучително добро зачувана, ќе биде ставена на аукција на 9 ноември во Париз, објави аукциската куќа „Аркирал“.
Копијата ги има истата суптилност на цртите на лицето и истата енигматска насмевка и контури со техниката сфумато, која ја популаризира Да Винчи.
– Не е невообичаено да се види копија од Мона Лиза, но оваа е во одлична состојба, а пред сѐ затоа што е насликана на дабова штица, додека другите се на платно – изјавија од аукциската куќа, додавајќи дека авторот е непознат.
Оригиналната „Мона Лиза“, или Џоконда, насликана на почетокот на 16 век, се чува во музејот „Лувр“ во Париз.