Престижното римско списание „Нуови аргоменти“ објави избор од песни од еден од основоположниците на современата македонска поезија, Ацо Шопов, во чест на 98-годишнината од неговото раѓање (20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982). Песните се објавени во рубриката „Поетска работилница“.
Во препев на италијанската поетеса Мија Леконт и италијанистката Анастасија Ѓурчинова, изборот ги содржи песните „Грозомор“, „Има долу една крв“, „Песна“, „Обична улица“, „Молитва за еден обичен, но уште непронајден збор“, „Шеста молитва на моето тело“ и „Деветта молитва на моето тело“, како и поемата „Долго доаѓање на огнот“.
Списанието „Нуови аргоменти“ е основано во 1953 од Алберто Моравија. Во 1956 му се приклучил Пјер Паоло Пазолини, кој бил уредник од 1966 до 1975.