Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот „Музички мостови“ на триото Интерарт од Битола, кој ќе се одржи на 29 април 2025 година (вторник), со почеток во 20 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.
На концертот ќе настапат истакнатите македонски изведувачи – флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска. Со својата изведба, уметниците ќе ги пренесат слушателите низ светот на класичната и современата музика, интерпретирајќи дела на Д. Шостакович, Ф. Доплер, С. Петровски, А. Фурстенау и И. Кларк.
Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.