Со два брана што се во силен налет симболично може да се претстават крупните промени на политичката сцена во САД и во Европа, изразени со претстојното враќање на Доналд Трамп на претседателската функција во Америка и со зголеменото влијание на земјите од Централна Европа во Европската Унија, особено бидејќи двете споменати движења се поведени од заедничка идеолошка определба кон суверенизмот, односно зачувувањето на политичката независност на една нација, како и на традиционалните вредности, кои честопати се оспорувани во денешно време
Големи бранови на суверенизмот од двете страни на Атлантикот во силен налет можат да ги распарчат бродовите што нема да се снајдат во геополитичката бура или да ги однесат до рајски остров оние што ќе знаат вешто да маневрираат низ немирните води. Навигацијата низ разбрануваното море ќе одредува судбини на држави и народи, при што македонскиот брод со паметен курс, заземен врз основа на сопствените национални вредности и интереси, има шанса да фати поволен политички ветер и да ги рашири едрата за да влезе во мирна пловидба кон „ветени земји“. Затоа е особено важно како ќе го насочи кормилото.
Со два брана што се во силен налет симболично може да се претстават крупните промени на политичката сцена во САД и во Европа, изразени со претстојното враќање на Доналд Трамп на претседателската функција во Америка и со зголеменото влијание на земјите од Централна Европа во Европската Унија, особено бидејќи двете споменати движења се поведени од заедничка идеолошка определба кон суверенизмот, односно зачувувањето на политичката независност на една нација, како и на традиционалните вредности, кои честопати се оспорувани во денешно време.
Идеологијата трампизам е именувана според новоизбраниот американски претседател како предводник на глобалните промени, кои веќе се видливи, за што доказ претставува и постигнатата спогодба за примирје помеѓу Израел и Хамас, во чие склучување се смета дека имал удел токму Трамп (уште пред неговото враќање во Белата куќа). Оваа идеологија е директно спротивставена на либерализмот што досега доминираше во САД, при истовремено негирање на глобализмот со инсистирање на зачувување на националните држави, семејните вредности и на единствениот национален идентитет. На иста линија моментално се и земјите од Централна Европа, чии лидери важат за блиски до Трамп – Унгарија, Словачка и Чешка.
Со врските со промакедонски политичари во круговите околу Трамп и врз основа на Договорот за стратегиско партнерство со САД, како и преку поддршката што Македонија ја има во Вишеградската група, се создава значително поповолна ситуација за македонските интереси, кои би можеле да се остварат со решителна
и мудра дипломатска активност. Земјава, всушност, треба да се приспособи на новата геополитичка реалност, но не и да биде нечиј вазал, ниту „сателит“ во американската геополитичка орбита, туку да дејствува по свои убедувања, со цел да ги реализира своите национални интереси, политики и внатрешни реформи
Токму во вакво подредување на геополитичката сцена, со врските со промакедонски политичари во круговите околу Трамп и врз основа на Договорот за стратегиско партнерство со САД, како и преку поддршката што Македонија ја има во Вишеградската група, се создава значително поповолна ситуација за македонските интереси, кои би можеле да се остварат со решителна и мудра дипломатска активност. Земјава, всушност, треба да се приспособи на новата геополитичка реалност, но не и да биде нечиј вазал, ниту „сателит“ во американската геополитичка орбита, туку да дејствува по свои убедувања со цел да ги реализира своите национални интереси, политики и внатрешни реформи.
Македонските политички лидери во минатото пропуштија повеќе шанси да повлечат вистински потези, бидејќи упорно се придржуваа до ставот дека европската перспектива нема алтернатива, со што не забележуваа дека светот се менува и оти наскоро државите би можеле да бидат во можност сами да избираат свои политики и интереси за кои ќе се залагаат. Ако силните суверенистички движења ја преобликуваат ЕУ во „Европа на суверени нации“, тогаш и Македонија ќе може да поднесе апликација за достоинствен влез и третман како суверена држава во таквата внатрешно реформирана евроунија.
Геополитички аналитичар познат во земјава и пошироко, не толку одамна, претпазливо предупредуваше дека Македонија не смее да си дозволи да сурфа или да плови по погрешен геополитички бран, со што треба да одржува неутрална позиција меѓу Истокот и Западот и да дејствува слично на Швајцарија и нејзиниот модел за водење политики. Но сега е извесно дека таквото размислување е потопено од брановите на суверенизмот врз кои Македонија треба смело да плови по сопствен курс, заради, како што веќе истакнавме, градење и одржување високонационално достоинство на државата, на македонскиот народ и на сите други граѓани наспроти ЕУ и светот.