Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека ќе ја плати казната од пет милијарди долари во врска со скандалот со компанијата „Кембриџ аналитика“ за украдените лични податоци на корисниците.
Тоа е најголемата парична казна во светот заради недозволено користење лични податоци, по казната од 22,5 милиони американски долари што ја плати „Гугл“ во 2012 година.
Казната од пет милијарди долари претставува приближно 9 проценти од приходите на компанијата во 2018 година.
Американската трговска комора сопшти дека „Фејсбук“ е задолжен да ги подобри налините за заштита на личните податоци.
Истрагата на Комората почна во март 2018 година откако се појавија извештаи дека политичката консултантска фирма „Кембриџ Аналитика“ има пристап до податоците на 87 милиони корисници на „Фејсбук“.
Комората беше загрижена дека „Фејсбук“ ги прекршил условите од претходниот договор според кој компанијата мора да им даде на корисниците многу јасни известувања кога нивните податоци се споделени со трети лица.
Исто така, Комората го задолжи „Фејсбук“ да создаде независна комисија за заштита на приватноста за да ја отстрани неограничената контрола на основачот Марк Закерберг во одлуките за приватност на корисниците.