САД ги снабдувале со оружје терористички групи активни во Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија на својата интернет страница и го повика Вашингтон да започне да се бори против терористите.
– Двојните стандарди на Вашингтон станаа особено јасни во Сирија. Откако руските воздушни сили, одговарајќи на барањето на легитимната влада, се придружија во борбата против тероризмот во таа држава разорена од долгогодишната војан, САД вложија секаков напор да ги заштитат убијците, се вели во соопштението на руското министерство.
Во соопштението се додава дека т.н сили на умерената опозиција се користат како човечки штитови, со кои се штитат екстремистите, меѓу кои и припадници на терористичката група Џабхат ал Нурса, „и покрај тоа што е таа огранок на Ал Каеда, која е одговорна за смртта на 3.000 Американци на 11 септември 2001 година.
– Во исто време, САД ги снабдувале овие групи со оружје, муниција и воена опрема, се наведува во соопштението.
Руското министерство оценува дека Вашингтон е подготвен да искористи „кој било, па дури и терористи“, со цел да го симне од власт сирискиот претседател Башар ал-Асад и поради други политички цели.
– Навистина е чудно тоа што американската јавност не обрнува внимание на непријавеното единство меѓу американските политичари и Ал Каеда, иако американскиот закон секоја поддршка на тероризмот ја смета за кривично дело, се нагласува во соопштенито.
Минстерството, исто така, изрази надеж дека САД ќе престанат да одолговлекуваат и ќе почнат да се борат против терористите.