Индонезиските власти соопштија дека синоќа дошло до уште една голема ерупција на вулканот Агунг, кој се наоѓа на островот Бали.
Во седумминутната ерупција, облаците чад се издигнале на неколку километри височина, а лавата течела до два километри од кратерот.
Облаците чад се движат на запад. Нема податоци за повредени или загинати лица во најновата ерупција.
Индонезиските власти и понатаму ја држат затворена зоната од четири километри окоу вулканот, но засега прометниот аеродром Денпасар на јужниот дел на островот Бали останува отворен.