Министерот за трговија на Кина во писмена форма му го го предаде барањето за придружување кон Договорот за слободна трговија на новозеландскиот министер за трговија.
Во обид да го зајакне своето трговско влијание, Кина, втората по големина економија во светот, аплицираше за да се приклучи на сеопфатниот и прогресивен транс-пацифички договор за партнерство.
Овој Договор беше потпишан во 2018 година од 11 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Чиле, Јапонија и Нов Зеланд.
Договорот порано беше познат како Транс-пацифичко партнерство и се сметаше за важна економска противтежа на регионалното влијание на Кина.
Јапонија, која годинава претседава со ова партнерство, рече дека ќе се консултира со сите земји -членки за да го коментираат барањето на Кина, но не кажа колку брзо тоа ќе се случи.
„Јапонија верува дека е неопходно да се утврди дали Кина, која аплицираше за приклучување кон ТЕ-11, е подготвена да ги исполни екстремно високите стандарди на нашата организација“, рече јапонскиот министер за економија Јасутоши Нишимура.
TPP беше клучен сојуз за стратешкиот пресврт на поранешниот американски претседател Барак Обама кон Азија, но неговиот наследник Доналд Трамп ги повлече САД од тој договор од 2017 година.
Пристапувањето кон партнерството ќе биде голем поттик за Кина, по минатогодишното пристапување во Договорот за слободна трговија на 15-члено регионално сеопфатно економско партнерство.