Довербата на италијанските гласачи во владата на Џузепе Конте се намали за 20 процентни поени од средината на март и сега изнесува нешто над 30 отсто, според анкетата објавена во средата од страна на „Текне“.
Според истражувањето, 53,1 отсто од Италијанците бараат промена на извршната власт, при што 33,3 отсто предлагаат влада на национално единство и 19,8 отсто бараат предвремени избори.
Ако има предвремени избори, се забележува во истражувањето, популистичката партија Лига сè уште е на првото место кај гласачите со 25,6 отсто, додека прогресивната Демократска партија (ПД) достигна до 20,2 отсто.
Централно-десничарската партија Фратели д’Италија (ФДИ) – претполагана коалициска партија за Лига – сега е на 15,8 отсто, нешто повеќе од Движењето Пет ѕвезди со 14,8 отсто. Форца Италија на Силвио Берлускони е стабилна со 8,2 отсто, а Италија Вива на Матео Ренци има доверба кај 3,1 отсто од гласачите.
Овие бројки ги отсликуваат најновите намери за гласање на Италијанците прашани за кого би гласале ако се одржат изборите денес.
– Постои импресивна нестабилност и во ера на лесните партии, доволно е мало ветре да ги натера да летаат високо или да ги натераат да треснат земја – рече Карло Бутарони, претседател на институтот „Текне“, како одговор на најновите анкети.
Една значајна причина за незадоволството на гласачите од сегашната влада произлегува од многу мрачните податоци за економијата, истакна Бутарони, кој има сè посилно влијание врз секојдневниот живот на луѓето.
– На кратко, тоа е влада која не ужива голема благодарност. И додека економската криза каса во животот на луѓето, владата ќе претрпи уште повеќе – рече тој.
Од пензионерите и државните службеници, на кои отпаѓаат мнозинството позитивни ставови кон владата бидејќи тие се заштитени од економскиот исход на пандемијата што владее, најкритични се самовработените, каде позитивните ставови не достигнуваат ни 20 отсто, вели Бутарони.
Во меѓувреме, лидерството на Матео Салвини со партијата Лига се чини солидно во моментов, истакна Бутарони. На крајот на краиштата, Салвини ја крена Лига од незначителни четири отсто од гласачите и ја крена на 26 отсто.
– Верувам дека Салвини може да биде доведен во прашање само два случаи. Првиот, Лига да се врати на помалку од 17 отсто како резултат на најновите политики и вториот, ако Салвини дојде на власт и управува лошо – рече Бутарони.