Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ѝ постави ултиматум на Европската Унија да ја поддржи Турција во Сирија доколку сака решение на ситуацијата со мигрантите.
Тој ја обвини Европа дека е таа која ги гази правата на мигрантите, пренесе АФП. Турскиот претседател рекол дека побарал муниција од американскиот претседател Доналд Трам за операција во Идлиб.
Специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џофри, претходно најави дека Вашингтон ќе ја помогне воената операција на Анкара во сириската провинција Идлиб само со снабдување со муниција и пружање хуманитарна помош, наведувајќи го статуспот на Турција како НАТО сојузник.
Ердоган нагласи дека се надева дека до прекин на огнот во Сирија ќе дојде по разговорот со Путин.