Најмалку 34 лица загинаа, а четворица се повредени во поплавите кои го погодија Авганистан по минатонеделните обили врнежи.
Министерството за вонредни состојби и хуманитарни прашања соопшти дека од поплавите се погодени 11 авганистански провинции.
Невремето и поплавите предизвикаа значителна мнатеријална штета, при што околу 600 животни угинаа, уништени се 240 куќи и 40 хектари земјоделско земјиште, а оштетени се 620 домови.