Украинските сили постепено напредуваат кон регионот Херсон, што е окупиран од Русија уште од почетокот на инвазијата врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата.
– Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму, но колку тоа им помогна? Украинските вооружени сили напредуваат чекор по чекор кон таа област – рече Зеленски, пренесен од британските медиуми.
Руската армија на почетокот на март ја окупираше областа Херсон, со напад што го почна од анектираниот Крим.