Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал одличен разговор со неговиот американски колега Џо Бајден и му се заблагодарил за неговата „непоколеблива поддршка“.
Бајден вчера најави речиси три милијарди долари нова воена помош за Украина, вклучувајќи противвоздушни ракети, артилерија, одбрана од беспилотни летала и радарска опрема.
Новиот пакет е најголемата транша на американска воена помош до сега, со што вкупниот износ испорачан или ветен на Киев од страна на САД е над 13 милијарди долари.
– Разговаравме за понатамошните чекори на Украина на нашиот пат кон победа над агресорот и за важноста Русија да одговара за воените злосторства – напиша Зеленски на Твитер.