Луѓето во Кина изразија задоволство од отстранувањето на апликацијата што државата ја користеше за да следи дали Кинезите отишле во области погодени од ковид-19. Ова е уште една фаза во олабавувањето на некои од најстрогите мерки против Ковид во светот.
Откако властите ја оневозможија апликацијата „код на маршрута“, четирите кинески телекомуникациски компании синоќа соопштија дека ќе ги избришат корисничките податоци поврзани со апликацијата.
„Збогум код на маршрута, се надевам дека никогаш повеќе нема да те видам“, се вели во објавата на платформата за социјалните мрежи Веибо. Во него, корисниците го поздравија крајот на апликацијата, за која критичарите стравуваа дека се користи за масовен надзор.
Финансискиот центар Хонг Конг, кој веќе има полесни гранични контроли од Кина, денеска соопшти дека ќе го отстрани условот патниците кои пристигнуваат да избегнуваат барови и ресторани во првите денови од нивниот престој. Ќе биде отстранета и апликацијата за следење движење што го регулираше пристапот на граѓаните до ресторани, спортски сали, клубови и слично, изјави Џон Ли, главен администратор на Хонг Конг.