Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 19 кинески авиони како влегуваат во безбедносната воздушна зона на земјата.
Во соопштението од министерството се додава дека кинеските борбени авиони од типот „Ченгду Ј-10“ влегле во југозападниот дел на тајванската безбедносна воздушна зона (АДИЗ), но не го преминале тајванскиот теснец, пренесуваат британските медиуми.
АДИЗ е поширок термин од воздушниот простор и се однесува на пошироката област што Тајван ја надгледува за својата безбедност.
Тајван реагираше по стандардна процедура, но не истрела проектили кон кинеските авиони, па немаше ескалација, се заклучува во соопштението.