Канцеларијата за јавно здравје во Лос Анџелес денеска го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници во областа, повикувајќи се на лице со многу слаб имунитет кое било хоспитализирано.
Тоа е втор регистриран смртен случај од мајмунски сипаници во САД, објави „Ројтерс“.
Мајмунските сипаници ретко предизвикуваат смрт, но луѓето со слаб имунитет може сериозно да се разболат или, дури и да умрат.