Фото: Принт-скрин

Неколку сензори за радијација се оштетени денеска по новото руско бомбардирање на областа во близина на нуклеарниот реактор на електраната Запорожје, соопшти украинскиот оператор Енергоатом.

– Ситуацијата се влошува, радиоактивни супстанци се во близина, а неколку сензори за радијација се оштетени – напиша Енергоатом на Телеграм.

Вечерва Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.